Три дена по разорниот земјотрес што ја погоди Хрватска, земјата сè уште не мирува.

За време на новогодишната ноќ се почувствуваа низа земјотреси, а најсилниот, кој беше 3 степени по Рихтер, се почувствува околу 5 часот утрово.

Според ЕМСЦ, во Хрватска се регистрирани 164 земјотреси за 70 часа.

Седум лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Петриња во вторникот во 12:19 часот. Земјотресот беше со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Петриња и Мајске Полјање беа речиси уништени во земјотресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.