Драган Марковиќ Палма почина синоќа на 64-годишна возраст по кратко боледување, а Ивица Дачиќ низ солзи зборуваше за последните денови.
Не можев да верувам дека тоа може да се случи. Кога ви кажувам, тоа беше како гром од ведро небо. Неговата состојба наеднаш се влошила. Почина во Земунската болница во Белград, точно е дека имал проблеми со црниот дроб. Мислам дека сега кога некој ќе каже цироза, сите веднаш ја поврзуваат со алкохолизам. И никогаш не пиел, се работело за некои други проблеми, му нашле одредена бактерија во организмот. Имаше пореметувања во работата на целиот организам, вклучително и бубрезите и срцето… Два пати беше на реанимација, третиот пат не успеа – рече Дачиќ.
Во секој случај, не знам што друго би можел да кажам за тоа. Тој дури и не зборуваше за тоа. Не се ни знаеше. Пред два-три дена гостуваше во една телевизија, беше расположен. Ми се јави да се видиме викендов, но не можев… ќе зажалам што не дојдов на тој собир. Не ни знаев дека е во болница, почина во болница, низ солзи раскажа Дачиќ.
Тој откри дека комеморацијата на Драган Марковиќ Палма ќе се одржи во понеделник во Собранието, додека погребот ќе биде во вторник во Јагодина.
Го уби стресот. Не зборуваше за својата болест, никогаш не се жалеше дека нешто го боли. Таков човек беше. Ми се јави пред некој ден, сакаше да ме види. Јас имав обврски и сега се кајам што не се видовме. Мораме да го чуваме споменот на него, ми беше како брат -рече расплаканиот Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.