Кандидатот за премиер на Косово, лидер на Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави денеска дека Српска листа (СЛ), која ги освои сите 10 српски мандати во косовското собрание на последните парламентарни избори, „не е српската заедница“, дополнувајќи дека Уставот на Косово не кажува дека во владата мора да биде човек од таа партија.

– Првиот и најважниот чекор во формирањето идна влада е коалицијата и договорот на Демократскиот сојуз на Косово и нашето движење. Свесен сум дека ако имаме 12 министерства, барем еден министер мора да биде од српската заедница, но нашиот устав не вели дека тој човек мора да биде од СЛ. Српска листа не е српската заедница, изјави Курти за Ал Џезира

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.