Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека земјата ќе почне да се отвора откако беше постигната целта да се вакцинираат 2,5 милиони граѓани. Унгарија агресивно набавуваше вакцини од источните и од западните производители и е една од најмасовно вакцинираните земји во Европа.

– Веќе една година живееме во безмалку воени услови, со рестрикции, полициски час и лични трауми. Вирусот ни објави војна, а единственото оружје со кое можеме да победиме се вакцините, изјави Орбан, кој постави цел бројката на вакцинирани граѓани да достигнале 2,5 милиони околу Велигден – што и се случи.

Како резултат на успехот во вакцинирањето, премиерот најави дека почнувајќи од среда, вечерниот полициски час ќе се скрати за два саати и ќе почнува во 22 часот. Работното време на компаниите исто така ќе се прошири – од 5 наутро до 21:30 навечер. Низа компании на кои им беше наредено да затворат на 8 март – вклучувајќи ги фризерските и козметичките салони, ќе отворат во среда. Влаата сепак реши рестораните и хотелите да останат затворени – единствено може да приготвуваат храна за носење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.