Извештајот на Независната меѓународна комисија за истражвање на страдањата на сите народи во регионот на Сребреница во периодот 1992-1995 година вели дека во Сребреници не се случил ниту поединечно злостроство на геноцид ниту геноцид воопшто.

Извештајот на Комисијата предводена од историчарот од Израел, Гидеон Грајф, е објавен на 1/036 страници на српски и на англиски јазик.

По темелна истрага на Независната меѓународна комисија за истражување на страдањата на сите народи во сребреничкиот регион во периодот од 1992 до 1995 година, се заклучува дека во Сребреница не се случил ниту поединечен чин на геноцид, ниту геноцид воопшто. Иако Комисијата не ги смета убиствата што се случиле во и околу Сребреница за геноцид, таа го уважува фактот дека илјадници луѓе (во главно воени заробеници) биле убивани на најстрашен начин и дека одговорните за тие злосторства треба да бидат казнети – се наведува во заклучоците на Комисијата објавени на нејзината интернет страница

Во Извештајот се истакнува дека Комисијата е составена од експерти кои се бирани врз основа на своите професионални експертизи, како и нивниот професионален и личен интегритет.

Водена од од премисата дека научното и стручното истражување на сите важни прашања и феномени во ашата цивилизација, па дури и оние болни и контроверзни, едноставно е неопходност, како и со свесноста дека фактите добиени по научен пат се најдобар лек за манипулацијата, Комисијата му пристапи на ова сложено истражување – пишува во извештајот

Членови на Независната меѓународна комисија, мосвен Грајф, се професорот Валтер Манушек од Австрија, адвокатот Маркус Колбах – еден од водечките адвокати во Германија кој работел на судењата на германските нацистички злосторници, Адарнел Шинаб од Нигерија, која е експертка за истражување злосторства, професор Марија Џуриќ, за која се смета дека е една од најдобрите во светот во полето на форензички истражувања и која е единствениот српски претставник во Комисијата, професор Роџер Бајард, исто така светски познат стручњак за форензички истражувања, професор Јуки Осаф од Јапонија, кој во последната деценија се бавел со судирот во Сребреница, професор Стивен Мејер, професор Лоренс Френч и покојниот Џузепе Захарија, кој е стручњак за медиуми и светски познат новинар.

Целиот извештај на Комисијата може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.