Невреме вчера попладне ја зафати областа Ваљево во Србија, предизвика краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесоа српските медиуми.

Силен ветер откорна дрвја и гранки, пренесе РТС.

Сообраќајот беше забавен на некои патишта поради гранките и остатокот од дрвјата на патот.

Пријавени се и неколку помали пожари за време на лошите временски услови.

Силно невреме го зафати и Краљeво, според објавите на граѓаните на социјалните мрежи, а во Чачак дуваше силен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.