На улиците на Загреб речиси во сите делови од градот утринава има многу искршени гранки, стебла, расфрлани канти за ѓубре, а на неколку крстосници има и паднати семафори. Интервентните служби и пожарникарите се на терен и ги санираат последиците од невремето, а полицијата ги предупреди граѓаните да не излегуваат надвор ако не мораат.

До утринава, локалните власти информираат дека имало 140 интервенции низ Загреб, а повици има уште од 100-тина адреси. Во невремето се повредени пешак во центарот на Загреб и жена врз која паднала гранка во населбата Чрномоерец.

Обилни врнежи го зафатија и северозападниот дел на Босна и Херцеговина, а во Приједор и Босански Нови веќе се излеаја локалните реки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.