Во првите три месеци од 2020 година, невработеноста во Грција е намалена за 0,6 отсто во споредба со претходниот квартал и за три проценти споредбено со истиот период лани, согласно податоците од грчката статистичка служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Рестриктивните и превентивни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 во Грција започнаа во 11-та седмица, односно 15-ина дена пред крајот на кварталот, а последиците од пандемијата не се толку видливи со оглед на тоа дека оние кои прекинаа со работа не се водат како невработени, туку на принуден одмор.

Според грчката статистичка служба, главните последици од пандемијата врз пазарот на трудот во првиот квартал од годинава се: зголемено отсуство од работа, намалување на работното време во однос на претходниот квартал, зголемена работа од дома и сл.

Највисока е невработеноста кај лица меѓу 20 и 24 години (34,5 отсто).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.