Скоро 70 000 куни (околу 10 000 евра) кои биле расфрлани по улицата собрала ноќеска полицијата во Сплит откако непознат маж со помот на лаптоп хакирал банкомат во близина на поштата во Сплит, јавува весникот Слободна Далмација.

Како што јавува весникот, кратко по полноќ, крадец стигнал до банкомат и отстранил дел од предната плоча над екранот, поврзан со внатрешните инсталации и му дал упатства на банкоматот за исплата на готовина. Тој собрал значителна сума без да знае дека се огласил аларм кој ја известил надлежната компанија за обезбедување.

Нивни вработен брзо дошол на местото на настанот, му пришол на човекот и го прашал дали му е потребна помош. Крадецот се збунил, па не кажал ништо, по што лицето од обезбедувањето претпоставило дека станува збор за странец кој не го разбрал прашањето. Потоа крадецот избегал, а банкоматот почнал да исфрла пари.

Веднаш биле повикани полицајци, кои собрале околу 70.000 куни, односно близу 9.500 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.