Убиството на Жељко Ражнатовиќ останува мистерија и по две децении останува мистерија. Иако е познат извршителот, никогаш не беа откриени налогодавачи. Аркан не претпостувал дека може да биде убиен.

Тој релаксирано седел со своите пријатели во хотелот Интерконтинентал во Белград и пополнувале ливчиња за спортска прогноза.

За тоа време неговата сопруга Цеца била во хотелскиот бутик со нејзината сестра Лидија.Во еден момент се слушнале пукотници и убиецот Доброслав Гавриќ се доближил до сепарето каде што седел Аркан и смртно го застрелал заедно со Миленко Мандиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.