Во Хрватска денеска стапи во сила нова мерка за преминување на границите, што подразбира задолжително поседување негативен тест, потврда за прележана инфекција или сертификат за вакцинација, при што валидни се и руските или кинески тевакцини.

Мерката за влез во Хрватска ќе важи во следните 180 дена.

Со оглед на претстојните велигденски празници, донесена е задолжителна мерка за носење маски во затворени простории, како  и надвор во случаи кога се очекува поголем проток на луѓе, без оглед на препорачаната физичка дистанца.

Овие мерки ќе важат до 9 април, а нивната промена е можна и на државно и на локално ниво, во зависност од епидемиолошката состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.