Српските медиуми синоќа, повикувајќи се на информации од повеќе извори, споделија дека во Панама бил убиен водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, кој важи за еден од најголемите шверцери на кокаин во светот, можеби најголемиот дистрибутер на наркотици од колумбиските картели.

Звицер, воедно, е и еден од мафијашите кои набавија макдонски патни документи во аферата „Мафија“:

Медиумите во Панама објавија информација дека маж на возраст меѓу 40-45 години е убиен додека седел во бел автомобил. Наводно, човекот го добил прекарот „Јаи“ и бил убиен во заседа. Деталите дали навистина станува збор за бегалецот водач на кавачкиот клан Радоје Звичер не се соопштуваат. Како што наведоа, идентитетот на жртвата не е познат, а очевидците одбиваат да соработуваат со полицијата.

Српските медиуми за официјална изјава го побараа неговиот адвокат, кој не можел ни да негира ни да потврди дали навистина станува збор за неговиот клиент.

Како негов бранител немам информации дека е застрелан, ниту дека е мртов, ниту дека е жив. Радоје Звицер е човек кој е недостапен за властите и никој нема контакт со него. Ќе знаеме што се случило и која е вистината кога ќе добиеме официјална информација, вели Милош Вуксановиќ, адвокат на лидерот на кавачкиот клан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.