Фљора Боровина, пратеничката на владејачката ДПК на Кари Весели изјави пред специјалниот обвинител дека спорните фотографии кои ги обелодени во парламеното на Косово, дека ги добила во 2003 година од некои активисти од Ѓаковица, на чии имиња не се сеќава и дека не и е познат идентитетот на „жртвата“ и дека никогаш не контактирала со неа.
Ова денеска го соопшти обвинителката на косовското специјално обвинителство Дрита Хајдари која ја сослушала Боровина за околностите под кои дошла до тие фотографии.

Хајдари за „Клан Косова“ рече дека Боровина во текот на сослушувањето изјавила дека верувала дека фотографиите се автентични и затоа ги покажала во парламентот.

Фљора Боровина во текот на расправата во косовскиот парламент за резолуцијата со која се осудува Србија за наводен геноцид направен во последните судири на Косово покажа две фотографии за кои тврдеше дека претставуваат доказ дека припадниците на српските сили силуваат една Албанка пред очите на нејзиното семејство.

Тврдеше дека и е познат идентитетот на Албанката која е силувана која, како што рече, ги познава нејзините силувачи и подготвена е да сведочи на суд

Според тужителката, Боровина не ги имала кај себе фотографиите и дека не е во контакт со „жртвата“ и дека кај себе во текот на сослушувањето немала фотографии, но ветила дека на обвинителството ќе им ги предаде во понеделник.

Рече дека Боровина никогаш во животот не ја сретнала жртвата, а кога ја прашав дали и е познат нејзиниот идентитет, рече дека не и е, раскажа Хајдари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.