Актерот Тихомир Тика Арсиќ почина во понеделникот, 7 декември во 64 година, после долга и тешка борба со ракот на панкреас.

Тика денеска ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта, каде се собраа бројни пријатели, колеги и роднини како би го испратиле на вечното почивалиште.

Опелото се одржува во црквата во рамки на гробиштата. Вдовицата на Тика, Јелена облечена во црно и видно тажна, крај сандакот на својот сакан примала сочувство.

На гробиштата дошла и неговата поранешна сопруга, пејачката Билјана Биља Крстиќ.

Тика зад себе ги остави сопругата и 4 деца од два брака.

Арсиќ во едно од последните интервјуа откри дека не се плаи од смртта, но и дека ја прифатил својата болест како составен дел од животот.

Болеста е нешто што треба нормално да го третирмае. Моето семејство ме поддржува и имам среќа што ме лекуваат прекрасни лекари. Не се плашам од смртта бидејќи мисаем дека сум бесмртен, а еднистевено ме плаши дека можеби нема да стигнам да се извинам на оние на кои сум им згрешил и можеби нема да стигнам да помогнам на своите деца – рекол неодамна актерот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.