Хелена Тривиќ синоќа на полноќ прогласи победа на изборите за претседател на Република Српска, што доколку се потврди, би било големо изненадување бидејќи тоа би значело пораз на Милорад Додик, кој е крајно внимателен во тврдењето дека тоа не се случило.

Јас сум целосно убедена во победата. Разликата во овој процент од гласовите е недостижна, рече Тривиќ во изборниот штаб на Партијата за демократски напредок (ПДП) во Бања Лука, тврдејќи дека таа дефинитивно го победила Додик.

Врз основа на резултатите по пребројувањето на 72,3 отсто или 468 илјади гласа, ПДП утврдила дека Тривиќ добила 236 гласа гласови или 51,2 отсто, додека Додик 225 илјади гласа или 48,7 отсто. Иако останаа да се избројат уште околу 170.000 гласа, тие заклучиле дека предноста на Тривиќ е таква што Додик повеќе не може да ја престигне.

Додик рече дека СНСД постигнал „максимален резултат“. Тој сепак беше претпазлив, велејќи дека во овој момент има значителна предност пред Тривиќ и дека нема причина да се сомнева во крајниот исход.

Изброени се 523.326 гласа, од кои јас добив 274.987, а мојот конкурент 246.425 гласа. Тоа нѐ уверува дека ваквиот резултат и овој тренд кажуваат дека сум победил на изборите, рече Додик.

Овие избори покажаа демократска свест. Горд сум што бев кандидат и што сега сум потврден претседател. Ќе соработуваме со нашите важни партнери како Србија, Русија, Унгарија…, рече Додик.

Додик славеше со фолк-пејачот Аца Лукас во изборниот штаб. Додик во еден момент го зеде микрофонот и запеа: „Никој ништо не ни може, посилни сме од судбината“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.