Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски се извини поради превидот за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Скопје, пишува Пораталаналитика.

Имено, за време на средбата на двата претседатела, црногорското знаме било свртено напопаку.

Извршен е ненамарен превид за време на поставувањето на црногорското знаме на тет-а-тет состанокот двата претседатели – стои во писмото на извинување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.