Ивана Ф.(22) пред полицијата се обидувала да го заштити своето момче Ѓорѓе Лацковиќ, кој се наоѓа во притвор поради сомнеж дека брутално ја претепал со стап, ја касапел со нож и ја горел со пегла. Ивана на почетокот не сакала да каже како ги здобила бројните повреди и изгореници по телото.

Како што се дознава, таа по прием во болницата на лекарите им кажала дека се повредила паѓајќи по скали.

Ивана со приватен автомобил е довезена во болница со скршени ребра, исечени нозе и изгореници од пегла по главата. Меѓутоа кога лекарите ја прашале како се здобила со повредите, таа рекла дека се сплеткала и паднала по скали.

Ивана ги убедувала сите во болницата дека повредите ѝ се од падот и дека нема причина да креваат паника. Меѓутоа, лекарите реагирале како што треба и случајот го пријавиле во полиција. Во болницата веднаш стигнала патрола која ѝ зела изјава.

Девојката била во шок, а во очите ѝ се гледал страв. Кога полицајците ја прашале како ги добила повредите, почнала да зборува неповрзано и објаснувала дека во прашање е несреќен случај, дека се сплеткала и паднала по скали, но кога ја прашале каде ѝ е момчето, почнала да плаче и рекла: Не ме повреди мојот Ѓорѓе – рекол извор од болницата.

Кога полицајците ѝ објасниле дека не треба да се плаши, Ивана почнала да плаче и раскажала за целото малтрерирање низ кое поминала, а се обидувала да го заштити момчето, бидејќи тој ѝ се заканувал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.