Покрај протестите пред седиштето на „Информер“ за објавување на интервју со сериски силувач, во српската јавност деновиве е актуелна уште една од низата вести со насилство врз жените. Станува збор за фотографиите од претепана 19-годишна девојка, која на социјалните медиуми ги сподели нејзината сестра Уна Каблар – Уки Кју, позната инфлуенсерка во соседството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Una Kablar (@uki_q)

Сара била претепана од нејзиниот сопруг по бурна расправија. Таа има видливи рани по вратот и на главата, а се шпекулира и дека насилникот кренал рака и врз нивната двемесечна ќерка, но тие наводи не беа потврдени.

Дамјан Х.(23) доби едномесечен притвор поради сомнение дека во нивниот стан во Белград ја претепал сопругата. На рочиштето изјавил дека „не ја претепал жената, туку дека само ја оттурнал“. Според изворите на српски „Курир“, осомничениот делумно се изјаснил за виновен за семејно насилство.

Сопругата ме испровоцира, се скаравме. Ја фатив со рака за врат, ја турнав и таа падна и ја удри главата во плочките, рекол тој на рочиштето во Второто основно јавно обвинителство.

Потоа изјавил дека „и Сара, исто така, го удирала него“.

Не се сеќавам што точно се случи, но знам дека не ја претепав, наводно изјавил тој во своја одбрана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.