Александар Вучиќ имаше средба со европретставникот Мирослав Лајчак, по која се обрати пред новинарите.

Вучиќ кажа дека албанското раководство на Косово добило поддршка од неколку земји, меѓу кои се Германија, Велика Британија и други.

„Со години страдаме од лаги. Проблемот не е тоа што мислат дека сме глупави, туку тоа што сметаат дека тие се многу паметни“, кажа Вучиќ.

Вучиќ, исто така, кажа дека Приштина планира „напад на северно Косово“, откако бил даден рок за табличките на возилата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.