Србија ќе биде меѓу првите држави во светот кои ќе го добијат лекот против корона произведен од „Фајзер“, заедно со САД, Велика Британија и Австралија.

Српскиот министер за здравство, д-р Златибор Лончар, оствари средба со регионалниот директор на компанијата „Фајзер“, Мохамед Хамам, кој е во посета на земјата.

како што објавуваат српските медиуми, на средбата се разговарало за деталите од потпишаниот договор за набавка на лекот на „Фајзер“, како и динамиката на неговото доставување како и идните модалитети на соработка.

Знам дека досега направивте многу за да ја контролирате епидемијата, а вашата посветеност се покажува со тоа што се сретнавме за многу кратко време, викендов. Со нетрпение очекувам понатамошна соработка и заеднички активности со цел да се стави крај на пандемијата – изјавил Хамам.

Министерот Лончар се заблагодарил на компанијата за соработката.

Договорот за набавка на овој лек од страна на „Фајзер“ досега го потпишаа САД, Австралија, Велика Британија и Србија. Тоа најдобро говори за тоа колку Србија и сето она што го правевме за време на пандемијата денес се почитува и цени во светот – истакна Лончар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.