Во најголемиот албански пристанишен град, Драч денеска почнува големата воена вежба Defender Europe 2021″. За таа цел дислоцирани се војска, апарати и технологија најголеми по Втората светска војна.
Со вежбата ќе раководи американската армија, а учествуваат припдници на 28 земји членки и партнери на НАТО.
-Ќе биде демонстрирана подготвеноста во зеднички активности  на учесниците на вежбата која е најголема што до сега се одржала во западен Балкан, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.
На свеченото отворање ќе рисуствуваат високи претставници на САД,  Албанија и на НАТО.
Американската амбасада преку објава на социјалните мрежи им посака добредојде на тројцата генерали.
-Добредојде за генерал Тод Волтерс, командант  на командата за Европа и врховен командант на европските сојузници на НАТО,  на генерал Џефри Хариган, командант на  воздухопловните сили на САД во Европа,  Африка и сојузничката воздухопловна команда, како и генерал Кристофер Каволи ,командант на војската на САД во Европа и Африка. Рамо до рамо, стои во објавата.
Вежбата  која почнува денес ќе трае со 9 јуни а ќе учествуваат 28 илјади војници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.