НАТО денешната операција на косовската полиција ја гледа како „акција за спроведување на законите“, пренесуваат косовските медиуми. Според Коха, мисијата на КФОР на Косово била запознаена со настаните и во комуникација со властите во Приштина.

Претставник на НАТО за Радио слободна Европа кажал дека „косовската полиција спроведува операција за спроведување на законот на цело Косово“ и дека мисијата на КФОР предводена од НАТО е во постојана комуникација со сите релевантни институции на Косово и со претставниците на меѓународната заедница.

Во одговорот на НАТО се повторува дека мисијата на Северноатлантската алијанса на Косово „останува целосно фокусирана на секојдневната примена на мандатот од ОН според Резолуцијата 1244 од 1999 година, и продолжува да пружа мирна, безбедна средина и слободно движење за сите заедници кои живеат на Косово“.

Во реакцијата на НАТО се наведува и дека „КФОР продолжува да помага во примената на најновиот договор за смирување на тензиите кој го постигнаа Белград и Приштина во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.