Никола В.(24), градежен работник, насилникот кој пред неколку дена злоставуваше жена на Ада Циганлија, приведен е утринава на сослушување во Второто основно јавно обвинителство во Белград.

Според сознанијата, тој, за разлика од изјавата во полицијата каде се бранел со молчење, денеска во обвинителството ја признал вината за насилство врз партнерката.

Надлежното обвинителство кое Никола В. го товари за кривично дело насилничко однесување, побарало од судот да му одреди притвор до 30 дена, како од слобода не би го повторил делото.

Инаку Никола и неговата жртва се познаваат од порано и имаат некој вид емотивна врска.

Тој веќе бил насилен кон партнерката, но таа не го пријавувала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.