Од денеска па во наредните две недели во Србија стапуваат на сила новите мерки што ги донесе Владата на Србија по препорака од Кризниот штаб кои уредуваат дека угостителските и услужните објекти ќе можат да работат само до 17 часот во работните денови, а за време на викендите воопшто нема да работат.

Со оглед на тоа што новите мерки стапуваат на сила од денеска, тоа значи дека тие ќе важат од овој викенд.

Мерките предвидуваат угостителските и трговските фирми, рестораните, кафулињата, баровите, клубовите, трговските центри, игротеките, обложувалниците, продавниците и сите други продажни објекти, салоните за убавина и фризерниците, фитнес центрите, спортските сали, спа центрите и базените да можат да работат во работните денови до 17 часот, а за време на викендите воопшто да не работат (т.е. од петок во 17 часот до понеделник до 5 часот наутро).

Затоа, пак, фризерите, салоните за убавина и слично, но и бутиците кои не се во трговските центри, според постоечките мерки, ќе може да работат до 21 часот.

Новите мерки, што ги донесе Владата на Србија, се следниве:

– продавниците за храна да работат секој ден до 21 часот, вклучувајќи ги и викендите

– аптеките, бензинските пумпи и доставата на храна може да работат неограничено седум дена во неделата;

– театрите и кината можат да бидат отворени секој ден до 17 часот, вклучувајќи ги и викендите

– пазарите во работните денови ќе работат регуларно, а за време на викендот од 6 часот изутрина до 15 ч.

На седницата на Кризниот штаб било дискутирано и за воведување задолжителен ПЦР тест за сите Срби кои би дошле од странство за време на празниците, но ништо не е прецизирано по тоа прашање, иако таа тема е оставена за следната седница на Кризниот штаб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.