Во силна експлозија во кругот на фабриката „Слобода“ – Чачак што се случила петнаесетина минути пред 20 часот, се повредени најмалку двајца работници.

Во моментот на експлозијата, во неколку погони на фабриката имало неколку десетици вработени. За среќа, повеќето работници успеале да побегнат, а за двајца се знае дека се повредени при пукање и кршење на прозорците.

Кабинетот на градоначалникот на Чачак нареди веднаш да се евакуираат граѓаните што живеат во близина на фабриката „Слобода“.

Ова е втор ваков инцидент во Чачак овој месец. На почетокот на јуни се запали магацинот на фабриката каде што се складирале делови за склопување запалки. Во текот на ноќта следуваа повеќе експлозии кои предизвикаа огромни материјални штети.

Според првите проценки што ги соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ, станува збор за штета од 1,5-2 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.