Најмалку 30 бегалци и мигранти биле спасени источно од грчкиот остров Крит, откако бродот со кој се превезувале потонал, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според АНА-МПА, бродот почнал да тоне на 12 наутички мили источно од островот по што еден од патниците побарал помош преку европскиот број за итни случаи и веднаш започнала спасувачката акција на грчката крајбрежна служба.

Бродовите кои биле во близина, спасиле најмалку 30 лица, а силниот ветер дополнително ја отежнува спасувачката акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.