Дритан Абазовиќ е новиот премиер на Црна Гора. Тој доаѓа на местото на Здравко Кривокапиќ кој ја загуби поддршката во Парламентот.

Во експозето тој наведе дека  на Црна Гора и е потребна политичка и социјална стабилност, бидејќи граѓаните очекуваат нивните претставници да дадат многу поголем придонес за помирување и отстранување на вештачките тензии „зад кои секогаш се интересите на поединечни кругови или желбата за мали политички профит“.

– Задачата пред оваа генерација политичари е да работи на компромис за општите општествени интереси, во корист, а не на штета на нашите граѓани. Само со меѓусебно разбирање, почит и подготвеност државниот интерес да се стави пред личниот и партискиот интерес, оваа држава може да оди напред. Затоа владеењето на правото и економскиот развој ќе бидат двата клучни столба на новата влада. Тие носат пет приоритетни насоки на дејствување, а тоа се: борба против корупцијата, поодржливи инвестиции, интеграција во Европската унија, одржлив развој и заштита на животната средина и афирмација на децата и младите – наведе во експозето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.