Еден од најпознатите руски мафијаши, член на озлогласените „Крадци по закон“, по потекло Грузиец, а по пасош Русин, Тариел Ониани, наводно е во Црна Гора. Овој опасен криминалец, наводно, без проблем ужива во луксузните хотели во оваа земја, иако би требало да биде во затвор во Шпанија, каде што беше екстрадиран на 23 октомври 2019 година.

Тариел, познат и по прекарот Таро, е роден во 1952 година во Грузија. Неговиот татко бил рудар во неговиот роден град Ткибули, а тој починал работејќи во рудник. Ониани кога бил момче се свртел кон животот на другата страна на законот, а првпат бил осуден за вооружен грабеж кога имал само 17 години. Во затворот стана дел од „Крадците по закон“, а по излегувањето од затвор се пресели во Шпанија.

Се верува дека Ониани тесно соработувал со Аслан Усојан, познат и по прекарот „Дедо Хасан“. Се верува дека тие двајца заедно направиле шема за перење пари во Шпанија во текот на 1990-тите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.