Српската Премиерка, Ана Брнабиќ, соопшти дека Србија троши повеќе од 700.000 евра дневно само на тестови за корона вирус, додавајќи дека тоа е цената за 20.000 тестирања дневно.

Брнабиќ изјави дека ПЦР-лабораториите се отворени низ цела Србија, од Суботица до Косовска Митровица, додавајќи дека со отворањето нови лаборатории се создала можност да се направат повеќе испитувања, па сега се вршат повеќе од 25.000 тестови дневно.

На резултатот од тестот кај нас се чека најмногу 12 часа. На 100.000 жители имаме најмногу тестирања во опкружувањето – изјави Премиерката.

Брнабиќ истакна дека се вложуваат многу пари за набавка на лекови, заштитна опрема, изградба на две ковид-болници во Батајница и Крушевац и дека оние што велат дека во овој момент се штити економијата, а не здравјето на луѓето, треба да знаат дека економијата е всушност здравје на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.