Најмалку шест луѓе ги загубија животите во големото невреме проследено со дожд, град и со силен ветер, што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, според грчките медиуми.

Меѓу загинатите се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа.

Локалните власти и противпожарни екипи интервенирале на десетина места на двата крака на полуостровот, Касандра и Ситонија. Се трага и по неколкумина пријавени за исчезнати, меѓу кои имало и рибари.

Поради невремето, повеќе области од Халкидики останале без струја, а било отежното и движењето по патиштата поради паднатите дрва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.