Во изминатите 24 часа забележани се рекордни 180 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска, а бројот на активни случаи во оваа земја е 811.

Од нив, 115 пациенти се на болничко лекување, од кои 10 се на респиратот. Во последното деноночие почина едно лице.

Од 25-ти февруари, кога е зебележан првиот случај на зараза со новиот коронавирус во Хрватска, до денеска вкупно се потврдени 6.050 случаи, од кои 161 имале смртен исход , а 5.078 оздравеле.

Во самозилолација во моментов се наоѓаат 2.752 лица. Хрватските здравствени власти досега тестирале вкупно 133.493 лица, од кои 1.201 лице во последното деноноќие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.