Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, одржа вонредна прес конференција за да ги изнесе ,,најпоразувачките податоци“, како што рече, од почетокот на борбата со пандемијата на Ковид 19.

Како што рече таа, ова е нјцрниот ден откако се борат со Ковид 19 со дури 18 починати регистрирани во едно деноноќие и нови 386 заразени.

На респиратори се наоѓаат 130 луѓе.

Брнабиќ рече дека ситуацијата е најкритична во Белград, Шабац, Крагуевац и Нови Пазар.

Само во болницата Нови Пазар изминатото деноноќие починаа 10 лица.

Таа ги преколнуваше граѓаните да не протестираат и да носат заштитни маски, како и да држат дистанца.

Рече дека веќе нема слободни места во болниците, здравствените работници се исцрпени и дека се отвораат нови Ковид болници.

Најави дека ако продолжи ваквата ситуација, неопходно е воведување некои рестриктивни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.