Над 73 отсто од студентите се вакцинирани со барем една доза или прележале, членовите на академско-истражувачкиот кадар и администрацијата над 87 проценти се вакцинирани со двете дози, а кај академско-истражувачкиот кадар процентот е уште поголем и стигнува до 91 отсто, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконому истакна дека студентите и академската заедница даваат светол пример, а „нивната одговорност покажува дека бараат отворање на универзитетите со физичко присуство“.

Од моментот кога студентите и студентките ни испраќаат порака, должни сме да го почитуваме тоа. Како и да е, Владата веќе одамна изјави дека поддржува универзитетското образовани да биде со физичко присуство и нашата обврзаност сè уште важи, доколку вакцинацијата и здравствените податоци ни го дозволат тоа, рече Иконому.

Универзитетите во Грција се затворени од почетокот на пандемијата во март 2020 година, а студентите следеа онлајн предавања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.