Над 600 полициски службеници се ангажирани за да го чуваат мирот и да спречат инциденти на денешниот протест по повод состанокот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, на кој денеска гости во Албанија се македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Протестот го организира поранешниот албански претседател Сали Бериша, сега лидер на опозициската Демократска партија, не само поради посетата на српскиот претседател, туку и против самиот пакт помеѓу Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

Неколку стотици луѓе, меѓу кои и доста косовски Албанци, веќе се на плоштадот во Тирана, а токму поради најавените протести, состанокот за „Отворен Балкан“ е префрлен во Елбасан Откажана е и прошетката по Тирана на лидерите, како што тоа беше во Белград и во Скопје.

Според објавената агенда Заев и Вучиќ во Елбасан треба да пристигнат во 18:30 а официјлната вечера е планирана за 19:30 часот.

Освен нив на вечерата ќе присуствуваат и делагациите на трите земји, во кои се министри и заменици министри, претседателите на трговско-индустриските комори, Вишиот советник на Атлантскиот совет Џим О’Брајан, како и потпретседателот на Фондацијата Отворено општество, Алекс Сорос.

Седмиот состанок во рамки на ницијатвата „Отворен Балкан“ ќе се одржи утре во Палатата на бригадите во Тирана. Делегациите ќе пристигнат во девет часот, по што следува трипартитна средба на Рама, Заев и Вучиќ, а пола час подоцна, во 9:30 официјално почнува состанокот.

Прв ќе се обрати домаќинот, Рама, потоа Вучиќ, па Заев како и Комесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, како и директор на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.

По потпишувањето на петте договори, заедничката прес конференција е предвидена за 13 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.