Многу мајки породени минатиот век во српските родилишта ја бараат вистината за своите бебиња. Тие се убедени дека нивните деца биле прогласени за мртви, а всушност биле киднапирани и продадени по раѓањето.

Сомнежите барем за еден ваков сличај ги потврдува една Србинка од околината на Бања Лука, која тврди дека нејзината пријателка Иванка, родена во село во близина на Бања Лука, ѝ се доверила дека купила новороденче од болницата во Сремска Митровица.

Таа случајот ѝ го раскажала на Ана Пејиќ, претседателка на Здружението на исчезнати бебиња од Војводина.

Таа допатува со нејзиниот сопруг, Мајкл К. од Визбаден. Дојде кај мене и ме замоли да ѝ покажам како се менува пелена. Ми рече: „Молчи, ништо не ме прашувај. Скапо го платив! Ми среди еден адвокат од Сремска Митровица“. Детето е родено во октомври 1987 година во Сремска Митровица, а тие го пријавија во Босанска Градишка, ѝ раскажала таа на Пејиќ, додавајќи дека е подготвена да сведочи во аферата со исчезнатите бебиња.

Таа одлучила да ја раскаже  нејзината средба со родителите кои го купија бебето затоа што е тешко болна.

Ми рече: „Можеби ќе умрам утре, не сакам да го носам тоа дете на душа!“. Го испитувавме овој случај две-три години. Утврдивме дека момчето е одвоено од неговиот брат близнак веднаш по раѓањето, дека е прогласен за мртов и продаден. Неговиот брат сè уште живее во Сремска Митровица, знае дека сме на трагата на човекот кој најверојатно е неговиот брат близнак. Близнакот, пак, порасна во Германија и сè уште не знае дека неговата мајка не му е биолошка мајка!, раскажува Пејиќ за српските медиуми.

Претседателката на Здружението, која и самата е жртва на која ѝ украле дете, раскажува како течело пронаоѓањето на продаденото дете.

Правевме лажни профили на „Фејсбук“ за да стигнеме до продадениот Србин од Германија. Пронајдовме фотографии кои потврдуваат дека сме на добар пат, но не успеавме да ја убедиме Иванка М. нејзиниот син да направи ДНК тест. Сите знаат дека таа има дете кое не е нејзино. Преписката меѓу мене и неа трае веќе една година, но кога и да дојдам чекор поблизу, таа го затвора профилот на „Фејсбук“ и не одговара на телефон. Јас ѝ реков: „Госпоѓо, ќе бидете на сите насловни страници ако не ми кажете кој ви го продаде тоа дете“. Според она што го дознавме во Сремска Митровица, адвокатот кој бил посредник во трговијата со деца не е жив веќе подолго време. Монструм! Нормален човек не го прави тоа!, вели Пејиќ за српските медиуми.

Нејзиното здружение брои околу 11.000 членови, а тоа претежно се браќа и сестри кои се бараат едни со други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.