На саемот во Белград се сместени 49 пациенти заразени од корона вирусот, а од нив 39 мажи и 10 жени. Меѓу нив е и најмладиот пациент, дете од 10 години, потврди државниот секретар во министерството за здравје на Србија, Берислав Векиќ.

Детето не сакаше да се одвои од мајката, иако сакавме тоа да биде во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, рекол Векиќ.


Досега од Саемот се отпуштени 18 пациенти, бидејќи вториот тест покажал дека се негативни на коронавирус.

Во Србија досега се потврдени 900 заразени лица, 23 луѓе починале, а 43 се излечени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.