Последните две-три години во Грција се зголемени грабежите, а организираните криминални групи на мета посебно ги имаат туристите во екот на туристичката сезона. Како што тврди шефот на полицијата во Солун, Хазаридис Ахилеас, ситуацијата во овој град е алармантна.

Внимавајте како ги држите чантите и мобилните телефони и со кого разговарате. Обично се двајца во пар и додека едниот разговара со вас, другиот ја грабнува вашата чанта или ланче од вратот. Не знам искрено што друго да правам, огорчени сме затоа што секојдневно се соочуваме со истите луѓе за истите прекршоци, предупредува Ахилеас и советува особено внимание да посветите во автобусите и во трговските центри.

Тој ги наведе и местата каде што крадците најчесто напаѓаат:

Улиците околу, како и на самиот плоштад Аристотел, тука најчесто се случуваат кражби на чанти, мобилни телефони, лаптопи, накит.  Внимавајте и околу Ротондата, Белата куќа, кај статуите на Александар Велики и на Караманлис, Ројал Театарот, паркот, бидејќи тука има многу наркомани, вели шефот.

Порталот „Грчка инфо“, кој го пренесе предупредувањето од шефот на полицијата, советува и да како да не бидете лесна мета.

Држете ги чантите и ранците пред вас. Нека бидат постојано затворени и отворајте ги само кога мора да земете нешто од нив, посебно во автобусите. Во продавниците никогаш не оставајте ги чантите во соблекувалната. Во кафулињата и рестораните не ги ставајте чантите да висат на столица, а мобилниот телефон на маса.

Пазете се од сите кои од вас бараат било каква информација!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.