Според најновите податоци на Централна изборна комисија (ЦИК), на локални избори гласале 42,85 проценти од граѓаните со право на глас, а најголема излезност е регистрирана во српските средини.

Во Малишево уапсени се две лица, набљудувач и член на изборната комисија поради купување на гласови. На приведените одреден им е притвор од 48 часа.

На изборите учествуваа 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати.

За градоначалници на 38 општини се натпреваруваа 166 кандидати, а за општински советници во Косово се кандидираа 5.198 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.