По повод 12 јуни, денот кога меѓународните воени и цивилни трупи влегоа на Косово во 1999 година, премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека тој датум го означува „крајот на геноцидот“ за кој треба да биде тужена Србија.

„12 јуни означува крај на геноцидот на Косово. Ние треба да ја тужиме Србија за геноцид извршен врз народот на Косово“, рече Албин Курти, цитиран од „Косев“.

Централниот настан се одбележува во селото Поклек во близина на Глоговац, каде што, според ФХП, 53 лица биле убиени во куќа на 17 април 1999 година – 24 жени и 23 деца, чии тела потоа биле изгорени, за што според истиот извор, обвинети се членови на српските сили.

„Се собравме тука во Поклек, бидејќи тоа е доказ за геноцид врз Албанците на Косово. 25 од убиените биле млади, а 18 лица биле малолетни. Албански цивили побегнаа од куќата, но полицијата ги принуди да се вратат. На крајот, тие ги запалија нивните тела, ова беше Србија на Милошевиќ “, рече Курти.

Косовската претседателка Вјоса Османи е исто така во Поклек, цитирајќи ги зборовите на поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана за време на неговата посета на Косово веднаш по влегувањето на КФОР, дека „кој се сомневал“ во бомбардирањето на НАТО, требало да дојде во Поклек.

„Затоа се вративме овде денес, каде секогаш нè советуваше самиот генерален секретар на НАТО, и пред сè, каде што секојдневно не повикува нашата човечка совест. И се враќаме не затоа што некои од нас тука се сомневаат во правдата на интервенцијата на НАТО што го запре српскиот геноцид, туку да ја повториме оваа порака денес и секој пат и да разбереме колку е скапа цената на слободата за народот на Косово “, рече Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.