Пејачката Јелена Марјановиќ се борела за својот живот до последен момент, потврди српскиот Суд по добиената обдукција.

Судот соопшти дека таа го молела сопругот Зоран Марјановиќ на колена да не ја убива, но тоа не го спречило да ѝ го нанесе последниот удар.

Марјановиќ беше осуден на 40-годишна затворска казна, а вчера ја помина првата вечер зад решетки.

Обдукцијата покажа дека Јелена се здобила со нагмечување на мозокот од ударите со метален предмет, но и убодни рани по телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.