Камионот со кој до аеродромот ќе се транспортираат 45-те идентификувани тела од автобуската сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струма утринава пристигнал во мртовечницата, објави 24 Часа.

Посмртните останки ќе се превезат до аеродромот Враждебна, од каде утре треба со авион да пристигнат во Скопје.

Камионот пристигнал точно во 8 часот утринава во зградата на мртовечницата во главниот град на улицата „Здраве“.

Меѓутоа, возилото не успеало да влезе во дворот на мртовечницата, бидејќи се покажало дека е превисоко.

Тоа скоро еден час чекала на влезот, а возачот и локалната полиција не знаеле првично како да се справат со проблемот.

Во 9:30 пристигнал дипломатски тим со претставници на Република Македонија, а час и половина подоцна камионот успеал да помине откако му биле издишани гумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.