На српската страна од граничниот премин „Бездан“ кон Хрватска сопрен е автомобил во кој е детектирано опасно ниво радијација откако возачот и двајца сопатници, сите хрватски државјани, се уапсени, објави сомборскиот портал SOinfo.org, а пренесе регионалниот медиум Ен1.

Присуството на радиоактивниот материјал, според објаснувањето кое неофицијално го добиле во порталот, го детектирале сензорите на граничниот премин предупредувајќи на високо ниво радијација и постоење „сериозна количина“ радиоактивен материјал.

Зрачењето е забележано, како што наведува SOInfo, во патничко возило со странски регистарски ознаки кое чекало излез од Србија.

На граничниот премин по пријавата на инцидентот стигнала дежурната екипа на Институтот за нуклеара наука Винча, која потврдила присуство на радиоактивни елементи во возилото.

Детектирано е и сериозно зрачење во пограничната зона.

Неофицијално, на службениците на царина и полицијата од саботната смена наложено им е да ја соблечат работната униформа и да се јават за здравствени проверки. Возилото и радиоактивниот материјал 24 часа биле лоцирани во близина на граничниот премин „бездан“.

Порталот SOinfo.org за овој настан во кој дошло до сериозно загрозување на здравјето на населението, побарал објаснување од Јавното претпријатие „Нуклеарни објкекти“ на Србија.

Граничниот премин „Бездан – Батина“ е најсеверниот премин меѓу Хрватска и Србија поделен со реката Дунав. Одговор од надлежните во Србија, уште нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.