Вчерашнта средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев на Табановце во која се изврши примо-предавање на вакцините на Фајзер од страна на бугарски европратеник и заменик претседател на парламентарната партија ВМРО БНД, Ангел Џамбаски беше искоментирна како „класичен пример за српско влијание и пропаганда“ во Скопје.

 „Вучиќ се појави на Свети Трифун во Табановце и ги донесе првите вакцини за Македонците“. Српскиот претседател Александар Вучиќ е претставен како голем ослободител за македонскиот народ. Мислите дека култот кон личноста исчезна во овие географски широчини. Не, не сте во право. Не во Македонија, каде што Вучиќ е опишан како „лидерот од Белград“. А Бугарија, Грција и ЕУ се „лошите момци“ во сликата.Можеме само да сонуваме за овој тип на написи за Бугарија да се појават во Македонија во моментов. Затоа што таму сè уште се пишува за нас како „фашистички окупатор“. И така е повеќе од 70 години, напиша Џамбаски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.