Директорот на црногорската Управа на полицијата, Веселин Вељовиќ тврди дека располагаат со оперативни податоци дека поединци и групи планираат предизвикување инциденти и немири на избирачките места на парламентарните избори, во недела, 30 август.

Нашите сознанија укажуваат дека овие лица преку друштвените мрежи и други канали заговараат за време на гласањето и по затворањето на избирачките места граѓаните да излезат на улица, да предизвикуваат немири и да го нарушуваат јавниот ред, вели тој во изјава за Танјуг.

Тој наведе дека полицијата во сите градови ќе постапува одлучно и одговорно, а оние кои ќе се обидат да предизвикаат инциденти ќе бидат спречени и ќе понесат одговорност.

Парламентарните избори на 30 август ќе бидат 11-ти од воведувањето на повеќепартиски систем во Црна Гора, а петти по обнова на независноста во 2006 година.

Право на глас имаат 540.026 граѓани на Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.