Четирите најголеми јадрански аеродроми во Хрватска – Сплит, Задар, Дубровник и Ријека, имале во април годинава вкупно 20 патници, пишува хрватскиот портал „Новац“.

Тоа е „еднакво на катастрофа“, бидејќи, за споредба, овие четири аеродроми во април минатата година имале вкупно 454.377 патници, пишува порталот.

Од нив, шест патници се регистрирани на сплитскиот, а 14 на аеродромот во Ријека, додека на преостанатие два не е регистриран ниту еден патник.

Од најголемите хрватски аеродроми единствено во Загреб во месец април имало 5,118 патници. Во тоа време загребскиот аеродром беше единствениот преку кој се одвиваше меѓународниот воздушен сообраќај. Во ова се вбројани и летовите за репатријација и хуманитарна помош. Истиот месец минатата година „Фрањо Туѓман“ забележал 311.368 патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.