Двајцата турски ММА борци кои живеат во Виена се прогласени за херои на социјалните мрежи на кои се пишува дека спасиле постара жена и му помогнале на еден полицаец среде смртоносниот терористички напад во овој град.

Странските медиуми ги открија идентитетите на Турците – станува збор за Микаил Озен и Реџеп Гултекин, а нивните гласови можат да се слушнат во снимките настанати во текот на пукањето. На едно видео се слуша како Озен вика „Засолни се“ на турски јазик, кога побарале спас зад објектот кој изгледа како влез во подземна железница, додека околу нив летале куршуми. Во текот на нападот, Гултекин се здобил со полесна повреда на ногата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.