Сведокот на Специјалното обвинителство во Хаг за воените злосторства на УЧК на Косово, Фадиј Сијевиќ, е пронајден мртов во ридовите над езерото Бадовац, близу Приштина.

Фадиј наводно командувал со затворот во близина на Матикан каде што затворени биле околу 300 Срби.

Веста за неговата смрт ја потврди портпаролот на косовската полиција Бајрам Красниќи.

Денес, на 15 јануари 2021 година, нешто по 14:00 часот, полицијата беше известена за инцидент што се случил на патот што води кон езерото Бадовац, со сомневање дека лицето нема знаци на живот. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, контактирала со членовите на семејството на тоа лице и ги повикала државниот обвинител и екипите за итна медицинска помош – информира Красниќи за локалните медиуми.

Според него, истражните и форензичките екипи вршат увид на местото на настанот.

На местото на настанот, лекарите утврдија дека телото на жртвата е мртво. Жртвата е: Ф.С., маж. Истражните органи и форензичките екипи продолжуваат да ја следат страницата. Навремено ќе ве информираме за новите информации – вели Красниќи за „Газета експрес“.

Сиjeевиќ е поранешен член на Косовската полиција, а според косовските медуми, тој бил сведок во Хаг за воени злосторства кои ги спровела УЧК на Косово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.