За жал, пренесувањето на вирусот покажува опасен нагорен тренд, рече министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас по состанокот за Ковид-19 во премиерската палата. Тој најави дека ќе бидат соопштени нови мерки, а упати и апел до младите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Уште еднаш упатувам апел до младите и до граѓаните што не ги почитуваат основните мерки за индивидуална заштита, маски, хигиенските правила, растојанието, да ја земат предвид нивната одговорност кон ранливите групи граѓани и останатите наши сограѓани во земјата, рече Кикиљас додавајќи дека Владата ќе соопшти нови мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.