Вук Бориловиќ (34) од Цетиње вчера во центарот на градот уби десет сограѓани и рани шест од нив.

За време на крвавата драма, во која уби и две малолетни деца, Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи.

Како што се дознало подоцна, при размена на оган со полицијата, бил застрелан од сограѓанинот Н.К.

Испукал над 100 куршуми. Пукал со карабин, изјави локален жител за ТВ „Објектив“.

Како причина за масакрот наведува дека убиецот неодамна купил камера и видел дека некој му краде работи од дворот.

„Вијести“ пишува дека Бориловиќ, опашан со два шаржера куршуми и со пушка во раката, отишол кон куќата на својот сосед И.Ј. и го повикал да излезе надвор.

Според официјалните податоци, Бориловиќ влегол во станот на своите станари околу 15:30 часот и го убил единаесетгодишниот М. , апотоа во неговиот три години помлад брад и потоа низ прозорецот пукал во нивната мајка, Наташа Пајовиќ Мартиновиќ.

Во следните 45 минути на вкупно 80 метри од неговата куќа пукал со карабинот, при што усмртил уште седум лица, а ранил уште шест.

Надлежните објаснија дека по убиството на Мартиновиќ, тој влегол во соседната куќа, каде ги убил постарите сограѓани Данијела и Димитрије Дрецун, а тешко го ранил нивниот внук Александар Дрецун (32). На прагот од таа куќа го убил и нивниот син Рајко Дрецун (56), кој кога слушнал пукање истрчал кон куќата.

Бориловиќ го убил и својот сосед Милан Митровиќ (37), а потоа и вујко му Горан Ѓуришиќ (54), а потоа одејќи по улицата ги убил соседите Александра (52) и Данијела Радуновиќ (51).

Бориловиќ, погоден со два куршуми и со пушка во раката се свртел кон куќата на својот сосед И.Ј. и го викнал да излезе.

Тој ранил уште четворица соседи – Славица Звичер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидувал да го совлада. Клиничкиот центар на Црна Гора синоќа соопшти дека тројца од ранетите биле оперирани и се сместени на Одделот за интензивна нега.

Неговото тело, според неофицијалните информации, синоќа било испратено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.