Дванаесетгодишната Моника К. од околината на Ниш, девојчето кое во заробеништво 10 дена ја чуваше Нинослав Јовановиќ познат како Малчански бербер, пуштена е денеска од Детската клиника во нишкиот Клинички Центар на домашно лекување.

Таа во Клиниката престојувала 19 дена.

Сите го чекавме овој ден кога нашето дете ќе дојде дома, кога цела оваа агонија ќе престане – рекла мајката Александра за излегувањето на Моника од болница.

Таткото на Моника, Роберт, вели дека е пресреќен што ќерка му конечно стигнала дома и дека сега претстои долг период на борба, но дека тој, нејзината мајка, баба ѝ и дедо ѝ ќе бидат покрај неа. Тој рекол дека неговата ќерка е лавица, дека покажала колку е психички силна. Додал дека му е мило што агонијата конечно е готова, се заблагодарил на сите кои учествувале во потрагата, но пред се на Емил Живиќ кој ја нашол и поради кој неговото дете е живо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.